Пејачката Мими Јовановска и музичарот Филип Нуне заедно се повеќе од две години, но обврските, како и на сите парови од естрадата така и на нив, не им дозволуваа комплетно да се посветат на себе и на љубовта. Мими учествува на регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“, добива само пофалби и со нејзиниот талент успеа да се наметне па ја засакаа и жирито и цел Балкан. Филип, пак, беше дел од тимот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова, но откако таа почина со брат му се посветија на нивната кариера со бендот „Браќа Нуне“. А доказ дека ако љубовта е вистинска ги поминува сите искушенија, се токму тие двајца.
-Заедно сме повеќе од две години, а музиката е таа која не поврза. Една случајна средба, па потоа уште една и еве последица од тие средби е што повеќе од две години да сме заедно. Љубовта е таа што победува и колку и да има предизвици и падови ако љубовта е посилна несомнено ќе победи.Така и ние со текот на времето се навикнавме еден на друг па како и секоја врска доживувавме секојдневни предизвици што не направија посилни и поодлучни, велат вљубените Филип и Мими.
Освен што се вљубени, тие во естрадните кругови важат за многу добри и воспитани, кои карактеристики неминовно биле „виновни“ за нивното спојување. А токму тоа ги привлекло и нив двајцата.
-Кај Мими ми се допадна желбата за успех, упорноста, искреноста и добрината. Тоа за мене се карактеристики кои се клуч како треба да е изградена една женска личност. А тоа кај Мими навистина и го има, вели Филип.
И Мими кога го опишува Филип го мисли истото.
-Сличните карактеристики, желбата за успех,истрајноста , тоа што колку многу ми посветува внимание ме тера да мислам дека Филип е личност на која можеш да се потпреш.Тој е сликата што секоја девојка си ја посакува , а јас таква слика видов кај Филип, вели Мими.
Тоа што музиката ги спои несомнено значи дека понатаму заедно ќе продолжат. Велат-„ како растеше врската така растеа и обврските околу нас„. Но,иако се млади знаат да ги поделат чувствата кога се на сцена и кога се дома, во љубовното гнездо.
– Бидејки и двајцата сме веќе професионално во музичките води решивме заедно и да работиме, така Мими како вокал стана член во ,,Бендот на Браќата Нуне” , но секогаш додека сме на сцена работата ни е пред се. Секогаш кога сме на настап ние се гледаме најпрво како колеги а потоа се останато, бидејќи нашата работа бара навистина посветеност и голема енергија. Да пренесеме на сите останати што не слушаат и гледаат, вели Филип.
Во овој период додека трае пандемијата и додека нема настапи тие се посветени токму на љубовта, на самите себе и на иднината и во приватна и во професионална смисла.
– Во еден ваков период на самоизолација, каде што сме сите заедно во својте домови , ние ја гледаме и позитивната страна. Доброто е што повеќе време си посветуваме еден кон друг. Да си кажеме што не сме си кажале во изминатиов период, да направиме добар план за нас, да видиме што не очекува. Со добра мисла да се поткрепиме и да очекуваме сите заедно подобри денови. Свесни сме дека пред нас се години што за се што планираме ќе ни донесат промени во нашиот живот, но на подобро. Барем така сакаме.., велат Мими и Филип.
Весна Миленковска