Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата со коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според проценката на Федералните резерви.
Според неодамнешната анализа на ризиците за натамошен развој на ситуацијата, економистите на ФЕД предвидоа дека дури 47 милиони Американци би можеле да ги загубат работните места, со што стапката на невработеност достигна 32,1 процент.
Ова би била највисоката стапка на невработеност од 1948 година, од кога официјално се води оваа статистика, пренесува „УСА тудеј“. Исто така додаде дека за време на Големата депресија таа стапка била околу 25 проценти.
Економистите на Федерални резерви во своите проекции вклучиле и висок ризик за работните места, кои на крајот би можеле да бидат изгубени поради владините мерки за ограничено движење, пренесува Си-ен-би-си“.
Ако навистина 47 милиони луѓе останат без работа, ќе се зголеми стапката на невработеност во САД на 52,8 милиони, што би било полошо од врвот на Големата рецесија за повеќе од три пати. Единствената светла точка е дека ограничувањето на слободата на движење и работа се очекува да биде краткотрајно.
Извор: denar.mk