Бабунски останува тренер на Вардар – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 12:22 PM

Бабунски останува тренер на Вардар

Бобан Бабунски и следната сезона ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар – соопштија „црвено-црните“ на својата веб страница. Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето сезона 2018/2019.

– Во минатото Бабунски како играч беше дел од Вардар, а до прифаќањето на новата улога, беше дел од Фудбалската Академија на нашиот клуб. Од младинската школа на „црвено-црните“ во стручниот штаб на првиот тим се приклучуваат тренерите Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му бидат асистенти на Бабунски. Досегашниот асистент тренер Александар Васоски и тренерот на голманите Саша Илиќ и натаму ќе бидат дел од стручниот штаб на сениорскиот тим на Вардар – стои во соопштението од ФК Вардар.

Бабунски веќе беше на клупата на поранешниот македонски шампион во финишот на штотуку завршената сезона и го водеше тимот на последните девет натпревари од првенството.