Американскиот пејач-текстописец Боб Дилан, по пауза од 8 години извади нова песна.
Станува збор за балада која трае 17 минути, а како главна инспирација е атентатот на 35. претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.
Посебно впечатлива е комбинацијата на пијано, чело и продушени тапани, сплотени во песната со наслов Murder Most Foul.
„Ова е неиздадена песна што ја снимивме неодамна и може да ви биде интересна. Бидете безбедни и Бог да е со вас“, напиша Дилан на официјалната веб-страница. Во прилог на напишаното е и портрет на Кенеди.
Низ новото парче на Дилан се испреплетуваат имињата на повеќе музичари и бендови како „Битлси“, Чарли Паркер, „Иглс“, Стиви Никс и фестивалот „Вудсток“.
Фото: .pacificsandiego.com