Вознемирувачките бели камиони по 20 години повторно пред њујоршки болници – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/20 11:58 AM

Вознемирувачките бели камиони по 20 години повторно пред њујоршки болници

Болниците во Њујорк поставиле импровизирани мртовечници надвор од нивните објекти за да се справат со големиот број жртви додека пандемијата на Ковид-19 силно го погоди најголемиот град во САД. Камиони со ладилници биле видени паркирани пред неколку поголеми медицински центри во текот на викендот. Само во неделата починале 98 луѓе.

Последен пат кога Њујорк вакви камиони пред болниците имало по терористичките напади на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година.