Во време на пандемијата на Ковид-19 и стравот од болеста, романтичната приказна на Србинот Ѓорге (37) и Мароканката Наѓа (29) е доказ дека љубовта победува се’, па и епидемијата.
Во декември двајцата почнале да се допишуваат на Фејсбук. Веднаш светнала искрата и одлучиле да се венчаат. Но, короната ги замешала прстите.
„Од првиот момент сфативме дека сме родени еден за друг, па преку видеолинк ја побарав за жена. По многу перипетии во врска со документите, визите и дозволите за венчавка, Наѓа од Маркото во Србија допатува на 8 март, непосредно пред затворањето на границата и воведувањето вонредна состојба. И покрај се’, одлучивме короната да не ни’ ги расипе плановите. И моето семејство одлично ја прифати снаата од Мароко. Се венчавме на 27 март во Општина Краљево, раскажува за српски Телеграф Ѓорге Бараќ, кој е монтажер во „ТВ Краљево“.
На венчавката носеле заштитни маски, а освен мадоженците, присуствувале само кумовите и преведувач од арапски, за Наѓа да може да разбере се’.