Вучиќ најави помош од по 100 евра за секој полнолетен жител на Србија – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/20 6:15 AM

Вучиќ најави помош од по 100 евра за секој полнолетен жител на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во телевизиско интервју ги претставил економските мерки за помош и надминување на кризата со коронавирусот.

„Имаме пари за економијата, но има и уште нешто. Размислуваме на секој полнолетен граѓанин на Србија да му доделиме помош од 100 евра. Без разлика дали е вработен, невработен, пензионер. За околу 5,2 милиона полнолетни граѓани, тоа се 520 милиони евра“, рече Вучиќ, пренесуваат српски медиуми