Стриптиз барот “Среќен ѓавол” од Портланд е затворен, како и сите други угостителски објекти поради пандемијата на корона вирусот, но за нив се уште има работа колку сакаат. Сопственикот одлучил да воведе сосема поинаков начин на услуга за достава, која на сите им привлекла внимание. Храната од барот ја доставуваат стриптизети, кои на врата се појавуваат во провокативна униформа. Да, облечени се како за на настап. Понудата е регуларна и подразбира секаков вид на јадење и пиење, кои се служат во барот а во доставата учествуваат 25 стриптизети.
“Да е изгуби оваа работа би било поразително. На повеќето меѓу нас тоа е единствен извор на приход“, објаснила Кики, една од вработените.
Сопственикот на барот рекол дека на оваа идеја дошол кога многу од гостите го прашале како сега ќе ја јадат преубавата храна која овој бар ја нудел.
Девојките нарачките ги доставувале во друштво со обезбедувањето и не било дозволено да ги допираат.
Фото:opusteno.rs