Обвнителството отвори истрага за смртта на 66-годишната стружанка – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/20 10:52 PM

Обвнителството отвори истрага за смртта на 66-годишната стружанка

Основното јавно обвинителство од Охрид по информациите во јавноста, отвори предмет по допрен глас за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот  COVID 19.Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар  препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но, пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата.Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​