Валеријана е билка која расте на влажни ливади во Европа и Азија. Дека нејзиниот цвет и корен имаат смирувачки ефект на луѓето , тоа е познато уште од 15. век.
Освен што делува смирувачки на нервниот систем на луѓето, се верува дека Валеријана го регулира работењето на срцето, го подобрува излачувањето на жолчката, а помага и кај несоница. Во народната медицина се препорачува и за напад на мигрена, хроничен умор или како помош за одвикнување од пушење.
Освен што во некои ситуации и може да го спушти крвниот притисок, нејзиното користење нема други сериозни нус појави. Сепак, со Валеријана не треба да се претерува, а посебно е важно да не се конзумира во комбинација со други седативи или хипнотици.
Ако сакате да се опуштите, сварете си чај од Валеријана и тоа ставете 2,5 грама сушен чај од валеријана во 250 мл жешка вода. Чајот од валеријане прелејте го до топла вода, поклопете и оставете го да одстои околу 15 минути. Процедете и полека испијте го.
Чајот не се препорачува да се пие повеќе од три шољи дневно. Потполно е сигурен за конзумирање во траење од 28 дена, а после тоа направете пауза.
Извор:informer.rs