Во изолација во хотел во Велес, во траење од 15 дена се однесени 118 македонски државјани , кои попладнево со чартер лет организиран од Министерството за надворешни работи, беа вратени во Македонија. Во попладневните часови, на ист начин, со чартер лет ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.
-Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот ‘Визер’, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија понуди најниска цена за авиобилетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авиопревозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин, којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата“, соопшти Министерството за надворешни работи.
На овие летови ќе бидат превезени и девет странски државјани, и тоа по четворица од Хрватска и Црна Гора и еден од Косово.
Објавено на: 03/27/20 5:35 PM