Ѓоковиќ донираше милион евра за респиратори и медицинска опрема за Србија – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/20 4:47 PM

Ѓоковиќ донираше милион евра за респиратори и медицинска опрема за Србија

Најдобриот тенисер соошти дека преку Фондацијата, кооја ја води со својата сопруга, ќе донира милион евра за респиратори и дополнителна медицинска опрема.

“Респираторите во моментов се најнеопходната медицинска опрема за спасување на животите”, рекол Ѓоковиќ и додал дека респираторите ќе се набават од Кинаа дел и од Германија.

Ѓоковиќ  кажал дека изминатите недели собирале информации за да утврдат како и најдобро и каква помош да донираат.

Неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, пак, рекла дека респираторите се најнеопходни во моментов, но и дека сите „навалиле“ на произведувачот.

“Ги нема доволно. Цената им е од 10 до 50 илјади и прашање е дали тоа ќе им биде крајна цена“, рекла таа и додала дека се воделе по критериумите да биде квалитетна опрема и да може  во кус рок да стаса во Србија

Ѓоковиќ пак најавил дека и понатаму ќе помага преку фондацијата.

“Ситуацијата е вонредна и секој од нас, во рамките на своите можности, се обидува да допринесе, рекол тој и додал:

“Откако станав татко не паметам  толку многу време да сум поминувал со Јелена и со децата”, рекао тој и додал дека се заблагодарува на Кина што несебично и помогна на Србија.

 

Извор и фото: n1info.com