Лимонов сок и паста за заби за нега на лице, раце и кожа- направете си маски по дома, советува козметологот Сузана Блажевска – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/20 10:00 AM

Лимонов сок и паста за заби за нега на лице, раце и кожа- направете си маски по дома, советува козметологот Сузана Блажевска

Поради пандемијата сега професионалната нега е невозможна  бидејки контактот е близок и ризичен. Но, за сите вас јас би сакала да дадам некој совет во врска со убавината, можеби сега е вистинското време да испробате некои од старинските совети за нега во домашни услови.  А во домашни услови сите го имате лимонот, маслата, содата и паста за заби, и тоа во својство на убавината. Еве некои од советите на Сузана Блажевска, козметолог и сопственик на Центарот за убавина ” Афродита С “.

Лице

Ако помешате еден лимон со малку вода, да биде во однос 1:1, ќе биде одлично средство за тонирање на кожата , ке се посветли, потхрани и ке ги исчисти дамките. Тонирајте секое утро и пред легнување. А потоа може да ставите крема за хидратација или масло од кокос.

Раце

Ако на рацете имате  дамки, лимоновиот сок ќе ви помогне да ги отстраните. Лимоновата киселина ги разградува а има и пријатен мирис.

Кожа

Доколку имате мозолчиња не ги стискајте намачкајте ги со паста за заби пред легнување ке се исушат. Идеално за мрсна и груба кожа е еднаш неделно како маска да се нанесе тенок слој паста за заби, да отстои 15 минути па да се одмие. На очите додека сте со маска ставете крукчиња од краставици ќе ја хидриираат очната регија. Ова може и секоја вечер за намалување на тензијата и брчките од мимики. За сите типови на кожа направете пилинг за лице од сода бикарбона и белка од јајце. Истрлајте нежно, мирувајте  оставете да се исуши, потоа исплакнете. Ова правете го еднаш месечно.