Хуманитарните акции секогаш се потребни, но се чини дека во овој случај треба малку повеке да се размислува на таа тема, бидејки сме во опасност сите. Таков пример за хуман гест е еден од најдобрите светски фудбалски голмани, членот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеа одлучи на властите во неговата родна земја Шпанија да им упати уште една финансиска помош за борбата против коронавирусот. Овој пат Де Хеа ја донирал својата неделна плата од 300 000 евра за Мадрид кој е најпогоден од пандемијата со коронавирусот.
Челните луѓе на шпанската метропола се заблагодариле за донацијата и порачале дека средствата од Де Хеа ќе бидат потрошени за набавка на медицински материјали.
Фото: EPA


