Како државните тестови чинат 4950 денари, наспроти 1200 и 1500 денари во болниците Систина и Жан Митрев? – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/20 5:48 PM

Како државните тестови чинат 4950 денари, наспроти 1200 и 1500 денари во болниците Систина и Жан Митрев?

На ова непријатно новинарско прашање министерот Венко Филипче не даде конкретен одговор. Само кажа дека при набавката на реагенси државата заштедила.
– Има набавка преку Институтот за јавно здравје и во Министерството за здравство. Тоа што е во рамките на нашата набавка, бев информиран дека од предвидените три милиони се потрошија два милиони денари согласно понудите за китови. Колку е тоа поединечно можеме да пресметаме и да дадеме точна цена, одговори Филипче.
Тестовите во болницата Жан Митрев се наплаќаат по 1500 денари, додека болницата Сиситина Аџибадем соопшти дека од утре почнува со тестирањ, по цена од 1200 денари.
На пунктовите организирани од Центрите за јавно здравје, каде се примаат пацинети со закажан термин од матичните лекари, дневно се прават по минимален број на тестови. Во Штип и Прилеп, каде има регистрирани заболени од корона вирусот, дневно се тестираат по само седум пацинети. Поради напливот на барања од пацинетите, од Центарот во Штип, како што соопшти директорката Марија Димитрова, побарано е зголемување на бројот на тестовите. Министерот Филипче на вчерашната прес конференција реше дека обезбедени се и доволен број на резервни тестови.