Ова е тежок период за повеќето луѓе, и сосема е можно од вечер на вечер да имате проблеми со несоница…
Не се заморувате, мозокот ви е преокупиран со многу мисли, а може и да сте исплашени и нервозни.
Токму анксиозноста, стресот и стравот се најчестите причини за лош квалитет на сонот или фактот дека воопшто не можеме да потонете во истиот. Но, британската терапевтка за инсомнија Кетрин Пинкам, откри едноставен трик кој би можел да ви помогне да го надминете проблемот со спиењето.
“Најдоброто нешто кое можете да го направите кога не можете да заспиете е буквално да излезете од собата. Станете и одете седнете во дневната соба или кујната. Промената на средината и физичкото одвојување од собата во која не можете да спиете може да направи чуда. Вратете се во кревет откако најмалку пет минути сте поминале во друга просторија и повторно обидете се да заспиете“, советува таа.
Извор: denar.mk