Опаметете се, не дозволувајте да се одлучува дали вашиот живот ќе биде спасен или не, една личност може да зарази 60 илјади луѓе, вели Англискиот професор – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/20 4:27 PM

Опаметете се, не дозволувајте да се одлучува дали вашиот живот ќе биде спасен или не, една личност може да зарази 60 илјади луѓе, вели Англискиот професор

Англискиот професор Хју Монтгомери, директор на Институтот за здравје на Лондонскиот универзитет, ја објасни разлика меѓу обичниот грип и новиот коронавирус со запрепастувачки бројки. Заразата може да потекне од само една личност, а разликите се големи.

– Ако добиеме нормален грип, ќе се заразат 1,3 – 1,4 луѓе. Ако тие го пренесат понатаму, тоа е втор круг на пренесување. Но, кога ќе се случи десетиот круг на пренесување, ќе бидам одговорен за скоро 14 случаи на грип. Коронавирусот е  многу, многу позаразен и секоја личност ја пренесува на други три.  Е, сега, тоа на прв поглед не изгледа како голема разлика, но ако секој од овие троица зарази уште по троица, по десетиот круг ќе бидам одговорен за инфицирање на 59.000 луѓе, вели Монтгомери.

 Доктор Хју Монтгомери

Тој објаснува и дека повеќето луѓе ќе се чувствуваат сосема добро или ќе имаат некои благи симптоми, но вирусот ќе се шири понатаму.  Неколкумина ќе се разболат, отприлика десетиот ден од кога се заразиле. Мора да одат во болница,  каде ќе добијат третман и ќе ги надгледуваат доколку симптомите се влошат. А доколку се влошат ќе мораат на интензивна нега.

– Е тука, ако бидете сериозно болни,  ќе се одлучува дали вашиот живот ќе биде спасен или не.

Ако имаме лимитирани средства, како што имаме ограничен број на респиратори и медицински персонал, луѓето нема да добијат адекватна нега – ја објаснува професорот реалноста.

На прашањето на новинарот на Канал 4 дали е ова крај на  светот, Монтгомери одговорил негативно.

 

– Не. Мораме да запамтиме, ќе биде лошо, ќе биде страшно за одреден број луѓе. Ќе биде мал процентот на оние кои  сериозно ќе се разболат и уште помал процент  кои ќе мораат на интензивна.  Можеме да ги спасиме животите на голем број од тие луѓе.  Но, ве молам, запаметете, најдобрата шанса која можеме да им ја дадеме на овие луѓе кои се сериозно разболени е ако имаме доволно кревети и медицински персонал. Ако сте несериозни и баш ви е гајле дали ќе се заразите, запамтете, не станува збор за вас, туку за сите околу вас, вели Монтгомери.

Извор: avaz.ba