Индустрискиот индекс на Њујоршката берза, Dow Jones вчера “полета” за 11 проценти, забележувајќи го својот најдобар ден од 1933 година, бидејќи Конгресот е се поблиску до усвојување на гигантскиот пакет со стимулативен мерки за борба против економските последици од пандемијата коронавирус.
Dow Jones забележа добивка од 2.112 поени, и го затвори тргувањето на ниво од 20.704 поени.
Индексот S&P 500, кој во понеделникот го регистрираше најниското дневно ниво од 2.193 поени, вчера се зголеми за 9,4 проценти на 2,447 поени, што е неговиот најдобар дневен резултат од октомври 2008 година, објави CNCB.
Nasdaq Composite порасна за 8,1 процент на 7.417 поени.
CNBC наведува дека цените на акциите се чини дека го допреа дното, што значи дека сега ќе одат по нагорен пат, но додава дека некои стратези метафорички предупредуваат дека зад отворени врати може демнее уште една голема бездна.
Извор: denar.mk