Чешиново: Снегот ги изненади и штрковите во најголемото гнездо на Балканот (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/20 1:08 PM

Чешиново: Снегот ги изненади и штрковите во најголемото гнездо на Балканот (ФОТО)

Штрkовите неодамна се вратија и во дваесетината свои гнезда во Чешиново, каде што на Задружниот дом се наоѓа и најголемото штрково гнездо на Балканот. Пред малку здружението „Оризова братимка“ објави повеќе фотографии од штрковите во тоа и во соседните гнезда.

Освен од снегот што од вчера интензивно паѓа во источниот реион на Македонија, штрковите сигурно се збунети и што, поради вонредната состојба за коронавирусот, ретко гледаат и луѓе.