Техника за дишење која брзо ќе ве смири во стресни ситуации – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 3:24 PM

Техника за дишење која брзо ќе ве смири во стресни ситуации

Во стресни ситуации лесно може да не фати паника. Тоа неконтролирано чувство на страв го пратат и разни физички симптоми како што се брзо чукање на срцето, недостаток на здив, вртоглавица, гадење и многу други.

Паниката најбрзо и најлесно ќе ја смирите со дишење

Имено, физичките симптоми често се резултат на фактот дека поради страв едноставно забораваме да издишуваме воздух кој потоа се акумулира во горниот дел на респираторниот систем и се меша со нормалното дишење.

Постои едноставна техника која може да ви помогне да го регулирате дишењето, да го вратите во нормала и да се смирите во стресна ситуација.

1. Во себе броете до пет со бавно темпо и притоа длабоко вдишете воздух.

2. Кога ќе изброите до пет, задржете го воздухот и во себе бројте до четири.

3. Потоа полека преку нос испиштајте воздух и во себе бројте до пет.

Оваа техника се користи за смирување при напад на паника и анксиозност, но ќе ви помогне во сите ситуации во кои чувствувате голема напнатост и стрес.

Извор: denar.mk