Време: Денеска и утре зима во пролет – студено и снег – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/20 6:41 AM

Време: Денеска и утре зима во пролет – студено и снег

Облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Според прогнозата на УХМР, локални врнежи од снег ќе има и утре. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу пет см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има вдолж Повардарието, каде ќе биде најветровито. Од среда попладне следува благо затоплување, па до крај на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд.