Венко Филипче: Лекот за маларија може да помогне против Коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/20 9:58 PM

Венко Филипче: Лекот за маларија може да помогне против Коронавирусот

Минстерот Венко Филипче на вечерашната прес конференција одговори и на новинарско прашање дали лекот против маларија може да помогне во лечењето против Коронависурост и каква е состојбата кај нас.

Тоа се последни податоци во однос на комбинацијата на тие лекови против маларија и уште еден антибиотик. Кај нас се изготвува протоколот заедно со факултетот за фармација. Утре на стручниот состанок ќе се дискутира тој протокол и согласно тоа ќе се донесе став. Точно е во светот веќе има студии кои укажуваат на тоа дека оваа комбинација на лекови даваат ефект. Ние го имаме антибиотикот , формата на лекови против маларија во овој момент ја нема. Низ интензивна комуникација изминативе денови верувам дека имаме шанса да добиеме соодветна количина на лекот, рече тој на пресот.