Силен земјотрес го разбуди Загреб, најсилен во последните 140 години – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/20 10:40 AM

Силен земјотрес го разбуди Загреб, најсилен во последните 140 години

Утрово во 6.23 часот силен земјотрес го погоди Загреб. Земјотресот бил силен, 5,3 по Рихтер, седум километри северно од Загреб, на длабочина од 10 километри.  Пукале ѕидовите на зградите а паѓале и кровови.  Ова е најсилен земјотрес во последните 140 години.

Хрватските медиуми известуваат дека тешко повредено е 15 годишно девојче. Големи оштетувања има катедралата „Срце Исусово“.  Лугето од страв не сакаат да се вратат во своите домови иако сеизмолозите велат дека не очекуваат уште големи потреси, но дека мали ќе има.

Властите советуваат- Што и да правите држете растојание меѓу себе.

Фото: 24sata.hr