Вкупно 270.069 луѓе се заразени со коронавирус ширум светот, со 11.271 починати, е последната црна статистија за сосстојбата со коронавирусот, а досега се ислекувани околу 90.000 случаи.
Водечка меѓу 184-те земји досега зафатени од пандемијата е Италија, каде што за 24 часа починале 627 луѓе, а вкупниот број на починати во таа земја, најмногу погодена од вирусот „Ковид-19“, надмина 4.000. Заразени се речиси 50.000.
Коронавирусот во Иран досега згаснал 1.433 човечки животи, во Шпанија нешто повеќе од 1.000, во Франција 450, во Холандија – 106, во Велика Британија – 177…


