По теркот на светските ѕвезди и нашите јавни личности се вклучија во пораките за самосвест , за што полесно се надмине пандемијата со Коронавирусот. Еден од нив е и голманот на ракометната репрезентација, Борко Ристовски, кој во видео соопштение даде поддршка на лекарите и упати апел до сите нас да бидеме свесни и заедно да ја надминеме оваа животна лекција.
-Сакам да дадам поддршка за сите луѓе кои секојдневно ги жртвуваат своите животи ,ги изложуваат на ризик за сите ние што побезболно ја поминеме оваа криза која не следи и како народ и како држава. Сакам да размислувам позитивно и да верувам дека овој период кој е тежок за сите нас, ќе го поминеме без човечки животи. Морам да споменам дека сите ние сме свесни дека треба да жртвуваме дел од својот комодитет, за што полесно и побрзо се заврши овој период кој не снајде. Сите ние не сме комотни, но мора да живееме со тоа, мора сите да дадеме свој придонес, рече Борко и додаде:
Борко со синот во видео порака испрати апел- да се почитуваме
„ Мислам дека сите ние помалку, дали заради своите кариери, заради студирање, заради работа, ги занемаривме своите семејства, ги запоставивме и затоа мислам дека овој период на изолација добро ќе ни дојде на сите за да поминеме што повеќе време со нашите најблиски. Вистински да им се посветиме и да поминеме квалитетно време со нив. Треба да гледаме позитивно на работите. Да останеме сите заедно и како држава и како народ. Мислам дека ова на крај ќе биде само една голема животна лекција за сите нас. Треба да се чуваме едно со други, да се почитуваме. Сакајте си ја државава, сакајте си го својот народ и купувајте македонски производи , за сите полесно економски го поминеме овој период што доаѓа“, вели Борко, кого заради талентот уште го нарекуваат и Министер за одбрана. (В.М.)