Жител на гостиварско Чегране со кривична за непочитување на мерката за самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/20 2:18 PM

Жител на гостиварско Чегране со кривична за непочитување на мерката за самоизолација

Жител на гостиварското село Чегране заработил кривична пријава, поради непочитување на мерката за самоизолација.

Полицијата денес до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против В.А (51). Осомничениот вчера (19.03) во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13 март, по што повторно бил вратен во изолација, информираат од СВР Тетово.

Во Гостивар до утрово има 147 лица кои потпишале изјави за самоизолација и им е препорачано да не ги напуштаат домовите кои измнатиов период допатувале од земји зафатена од коронавирус Ковид–19.