Кит-Го: Цената на лимоните е поради новата набавна цена – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 4:54 PM

Кит-Го: Цената на лимоните е поради новата набавна цена

Ја користат ли трговците ситуацијата да профитираат со цените на поедини артикли.

Граѓаните деновиве со реакции  и фотографии по социјалните мрежи за енормни , според нив ,,профитерски “ цени на производи .

Килограм  лимон  во продавниците на Кит-го во Штип се продава  по цена од 205-210 денари. Реакциите се уште поголеми  поради фактот што овој производ низ маркетите низ градот можат да се најде по цени од 80-120 денари.

Не станува збор за профитерски цени, туку цени што ги диктираат набавувачит . Количините што ги имавме поради зголемената побарувачка се потрошија  и со со новата набавка, цената  беше  доста повисока, вели сопственикот на штипската трговската фирма Кит-го,  Кире Гогов  и самиот соочувајќи се со реакциите од граѓаните.Тој тврди дека за некој ден, цените ќе се изедначат и во другите маркети.

,,Да и ние ги видовме реакциите, меѓутоа граѓаните мора да имаат во предвид  дека корекцијата на цената не ја формираме ние како компанија,  сами не го правиме покачувањето на цената. Тоа е резултат на фактот што увозниците, односно добавувачите кои го увезуваат истиот артикл  драстично ја зголемија  цената.Во случајов тоа настана  поради брзата корекција на цената на набавувачите и брзата набавка од наша страна“, вели Гогов.

Тој вели  дека и самиот набавувач од Турција  го добил производот по повисока цена, а веќе имало најави дека повисоки цени добиле и некои други артикли.

,,Има поместување и на други категории на зеленчук и овошје од самите добавувачи, така да оние артикли кои што се со драстично зголемени цени, ние како компанија одлучивме  ,да не ги набавуваме за да не правиме забуна на потрошувачите. Ние прво ќе ги известиме  добавувачите дека нема да ги преземаме, па потоа ќе видиме дали таа цена е настаната како тренд на зголемена потрошувачка или на самите артикли кои што доаѓаат од увоз“, додава Гогов.