Македонски државјани ќе можат легално да го продолжат престојот во Словенија поради Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 3:43 PM

Македонски државјани ќе можат легално да го продолжат престојот во Словенија поради Ковид-19

Македонската амбасада во Љубљана соопшти дека државјаните на земјава ќе можат легално да го продолжат својот престојот во Словенија, како една од мерките против ширењето на коронавирусот.

– Според словенечно Министерство за надворешни работи, македонски државјани затекнати на територија на Словенија на кои ќе им истече работната дозвола, дозволата за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на Словенија заради исклучителната ситуација, објави нашата Амбасада во Љубљана на Твитер.

МИА