Бил Гејтс во средата на корисниците на интернет форумот Reddit им кажал дека со коронавирусот условениот прекин на нормалниот живот во светот би можел да трае и 10 недели, дури и ако ситуацијата се развива добро.
„Ако некоја земја добро го изведе запирањето на нормалниот живот и ако добро ги тестира граѓаните од коронавирус, тогаш внатре би можела повторно да се отвори за шест до 10 недели, бидејќи ќе има мал број заразени“, изјави Гејтс, објави Bloomberg.
Гејтс, чија фондацијата за решавање на кризата која предизвика пандемијата од коронавирусот издвои износ на пари кој би можел да се искачи до 100 милиони долари, го искористи настанот на Reddit „Прашај ме било што“ за да го искаже своето мислење за социјалното растојание, вакцините и влијанието на коронавирусот на светската економија.
На прашањето што најмногу го загрижува, тој одговори: „Јас се грижам поради штетата која ќе ја претрпи економијата, но уште повеќе ме загрижува како оваа ситуација ќе влијае на земјите во развој кои не можат да спроведат социјална дистанца на ист начин на кој можат да го направат богатите земји и чии болнички капацитети не се толку големи“.
Гејтс изјави дека сите треба да се придржуваат кон прекинот бидејќи тоа ќе доведе до значителен пад на нови случаи на заразени.
„Тоа ќе ни овозможи побрзо да се вратиме во нормала. Мораме да бидеме смирени иако станува збор за ситуација без преседан“, додаде тој.
Корисниците го прашале дали можеби во борбата против коронавирусот ќе се користи лекот “клорохин”, кој инаку првенствено се користи за борба против некои форми на маларии.
„Многу лекови се тестираат и овој е еден од нив. Ако се испостави дека е ефикасен, ќе мора да се осигураме дека ќе го добијат оние на кој им е најпотребен, затоа што го има во ограничени количини“, одговори Гејтс.
На прашањето, кога би можело да се направи вакцина, одговори:
„Првите вакцини кои ќе се направат ќе бидат дадени на здравствените работници и други клучни служби. Тоа би можело да се случи за 18 месеци, ако се помине добро, но сите ние сме внимателни со ветувањата. На ова се работи со полна пареа“.
Гејтс тврди дека прекинот на нормалниот живот значително ќе влијание на светската економија, но и дека светот може да се опорави од предизвиканата штета ако се пристапи на квалитетен начин.
Извор: denar.mk