Водењето дневник претставува одличен начин подобро да се запознаете самите себе, но и подобро да го контролираме стресот и да ги идентификуваме причините за стрес во животот. За овие цели најдобро е редовно да се води дневник, но дури и спорадичното пишување помага во олеснување на стресот и процесот на самозапознавање.
Една од најдобрите техники за контрола на стресот и подобрување на расположението на долг рок е бележење на работите во животот поради кои сме благодарни. Исто така е добра идеја на хартија да ги “исфрлиме” како негативните, така и позитивните емоции кои ги следат разни настани, бидејќи оваа техника ќе ни помогне да ги обработиме процесите на емоции, како и работите да ги гледаме кои ни се случиле и кои сме ги направиле од повеќе агли.
Водењето дневник, исто така, го намалува стресот со тоа што ни помага подобро да се организираме, на пр. ако ги запишеме обврските поврзани со работата и приватниот живот, различните рокови, што треба да ги правиме во куќата и надвор од куќата, итн. На овој начин, ги намалуваме и шансите да пропуштиме важни рокови или да се најдеме во деновите кои претходат на овие рокови во состојба на интензивен стрес.
Извор: denar.mk