Останете заедно и помагајте си, порача Симон Трпчески и запеа песна од Тоше Проески – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 1:13 PM

Останете заедно и помагајте си, порача Симон Трпчески и запеа песна од Тоше Проески

Нашиот најдобар пијанист, со светско реноме, Симон Трпчески со видео порака преку неговиот профил на Фејсбук се обрати на Македонија и на светот со своја порака, како морална поддршка да се издржи ова време кога светот се штити од пандемијата на Корона вирусот.

-Среда е  среќен ден како што ние Македонците велиме. Поздрав до целиот Македонски народ и сите луѓе на овој свет. Среда е убав ден за убави пораки во една ваква ситуација кога на сите нас ни треба разбирање, поддршка и  самосвест за да го надминеме ова лудило. Да се надеваме само на убави нешта и набрзо да го победиме вирусот, рече тој и додаде:

„Никој од нас не го очекувал ова, да се надеваме дека ќе помине. Да се биде дома е прекрасно, особено  да се потроши времето со семејството, сега кога социјалните и културните активности се стопирани.  Останете заедно, помагајте се, бидете позитивни“, рече меѓу другото Симон и на пијано ја отсвири и запеа песната од Тоше Проески,  „За овој свет“, која вели:

-За овој свет, еден и единствен, треба се да сториме, само тој го имаме. За овој свт, кој ни е единствен и со детска насмевка, треба да се бориме.. “.

За останатите од светот, Симон, им даде поддршка и тоа преку песната „Излечи го светот“ на Мајкл Џексон и на англиски им запеа:

„Излечи го светот. Направи го подобро место, за тебе , за мене и целиот човечки род…“

https://www.facebook.com/s.trpceski/videos/515731099366431/?t=23