Нова книга: „Дхаммапада. Мудроста на Буда” на македонски – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 8:39 AM

Нова книга: „Дхаммапада. Мудроста на Буда” на македонски

“Дхаммапада. Мудроста на Буда“ е познатата книга за будизмот која за првпат на македнски јазик неодамна ја објави „Македоника литера“ од Скопје. Преводот, на Ленче Тосева е од руски јазик.

„Дхаммапада“, чиешто авторство му се припишува на самиот Буда, е еден од најпознатите и најважните текстови од будистичката литература напишан на пали јазикот, кој ги утврдува основните етички принципи и го полага филозофскиот фундамент на раниот будизам.

Текстот претставува збир од 423 изреки групирани во 26 тематски поглавја. Изреките се кратки и лаконски и се одликуваат со изразена едноставност, а често се во форма на теза и антитеза, но со поетичноста, реалистичноста и многубројните совети оставаат силен впечаток кај читателот.

Нишката која ги поврзува сите нив е прашањето на моралното и неморалното живеење, јасното исцртување на доброто и на злото и согледувањето на патиштата кои водат кон среќата и кон пропаста.