Најпрво заради приватност, а сега веќе и заради изолација за заштита од Корона вирусот многу славни, богати светски личности си купуваат острови. На своите острови се заштитени од папарацо фотографите, уживаат во мир и секако се штитат од пандемијата. Ова се дел од ѕвездите кои ги имаат најскапите острови:
Џони Дип купил остров на Бахами. Тој во 2004. Година го платил 3,6 милиони долари, а до него патува на својата ексклузивна јахта долга 47 метри.
Мел Гибсон (64) се смета за еден од најбогатите актери на свет. Тој купи остров вреден 15 милиони долари пред 15 години. Островот “Маго” има околу пет илјади хектари.
Шакира (43) има остров на Бахами и го дели со фронтменот на “Пинк Флојд”, Роџер Вотерс и шпанската поп звезда Алехандро Санс. Островот го платиле околу 14 милиони евра.
Еди Марфи (58) е една од холивудските ѕвезди која најдобро заработува па во 2007 година си купил остров на Бахамите. За него дал 13,6 милиони евра.
Николас Кејџ (56) во 2006. Купи остров за 2,7 милиони евра. Пред тоа имаше куќа на Бахамите. Неговиот остров се наоѓа во близина на островот на Џони Дип.
Леонардо Дикаприо (45) има остров во Белизе уште од 2005. година. На него изгради “зелени” луксузни хотели а го плати 1,6 милиони евра.
Селин Дион (51) купила остров во канадскиот Квебек. На него има голема господска куќа во стилот на француските дворци а не се знае колку платила за него.
Памела Андерсон (52) на подарок во 2007. Година доби остров од бившиот сопруг Томи Ли. Тој се наоѓа на брегот на Дубаи. Поради своите грчки корени, тој и купи остров во облик на Грција.
Дејвид Коперфилд (63) купил дел од рајот на Бахамите за 45,5 милиони евра. Делот што го купил има четири поголеми и седум мали острови, но само еден му служи како негово приватно одморалиште. Другите ги изнајмува за 40.000 евра на ден.
Рики Мартин (48) уште пред 11 години одлучи да го купи островот “Ангра дос Реис” во Бразил за 8 милиона долара.
Текст: телеграф.рс
Фото:zimbio.com