Македонски државјанин загина во сообраќајка на автопат во близина на Белград – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 11:39 AM

Македонски државјанин загина во сообраќајка на автопат во близина на Белград

Македонски државјанин на возраст од 35 години загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на автопатската клучка кај Белград во насоката кон Добановци, кога се судриле автомобил и камион со полициска придружба.

Во истата несреќа, што се случи синоќа, четворица други се повредени и се згрижени од Службата за брза помош. Несреќата е предизвикана од камион кој се движел во конвој, но за причините за несреќата ќе утврди со истрага, соопштија од српското МВР.

Во несреќата учествувале четири возила од конвојот, меѓу кои и возач од Полска, за кој постои сомнение дека ја предизвикал несреќата. На него му е одреден притвор до 48 часа.

Инаку, камионите што транзитираат низ Србија имаат полициска придружба, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и тие не смеат да застануваат таму каде што сакаат, туку само на местата предвидени за таа намена.

МИА