„Плејбој“ одлучи да го прекине печатеното издание поради проблемите во работењето предизвикани од коронавирусот.
По 67 години откако Хју Хефнер го основа, најпознатиот магазин за мажи наиде на преголема препрека во облик на глобалната пандемија на Ковид-19.
Додека трае кризата, „Плејбој“ преоѓа на дигитална платформа со приоритет на онлајн-изданието, со повремени објавувања на специјални изданија во печатена форма.