Блага Петреска: Не трупајте храна, се расипува, хранете го духот, тука сме најслаби – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 10:08 AM

Блага Петреска: Не трупајте храна, се расипува, хранете го духот, тука сме најслаби

Фолк дамата Блага Петреска  се придружува кон препораките да седи дома, но има совет до сите кои овој период мора да живеат меѓу четири ѕида. „Читајте Библија“ вели Блага, која во било која ситуација, па и оваа не ја трга насмевката.

-Седам дома и се придружувам на препораките. Пензионерите се ризична група.  Се молам за сите нас. Читам Библија, го јачам духот. Сметам дека сите треба духовно да се зајакнат  а не со храна.  Во моментов сум во делот кај што вели: „Престанете да се грижите само за храната што се расипува. Погрижете се за храната што ти дава вечен живот, која ќе ви ја дадам Јас, Синот човечки, затоа што , Бог небесниот Татко, Ми го даде тоа право“.  Ова е извадок од Јован 6, 27 стих и верувајте дека читајќи Библија се смирувам. Не трупам резерви на храна иако син ми и снаа ми живеат блиску и ми помагаат. Ќерка ми Оља живее во Уганда, таму се уште нема заболен, но пред време мерките ги презедоа, ги пуштија децата од школо, учат он лајн и сите седат дома. А јас се молам за сите нас. Само Бог е над сите и може да ни помогне. Но, сериозно да се моли и од душа. Значи препорака до сите нас е да останеме смирени и да се кренеме духовно. Сметам дека сега сме најслаби во духот, вели Петреска.