Виолета Томовска: Седам дома и преку Црвен Крст им помагам на пензионерите кои се сами – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 9:41 AM

Виолета Томовска: Седам дома и преку Црвен Крст им помагам на пензионерите кои се сами

Фолк дамата Виолета Томовска ги почитува препораките за заштита од Корона вирусот. Таа не излегува од дома а како дел од „Животна искра“  ги користи контактите и преку Црвениот крст им помага на останатите пензионери.

-Пензионер си и треба да се седи дома.  Јас ја имам среќата што живеам со помалата ќерка а тука е и поголемата, па така  немам никаков проблем. Немам потреба да излегувам, помагаат и внуците. Не ме оставаат да излегувам да купувам, тие снабдуваат со се што е потребно. Но, ми е жал за другите кои немаат никој крај себе и мораат и покрај опасноста да излегуваат по лекови и храна. Во контакт сум со Црвениот Крст и од луѓето што ги познавам  дознавам кои пензионери се сами и наоѓам начин  преку нив им помагам.  Треба да се почитуваат препораките за здравјето на сите нас.  Ете какво време дојде, навистина човек  да мисли само од ден за ден.  Мораме да внимаваме и да гледаме, како се борат сите, така и ние.  Вакви моменти се поучни за сите нас, човек уште еднаш го поминува искушението и повторно сваќа дека здравјето е најважно, вели Томовска.