Аријана Гранде и Тејлор Свифт ги повикаа своите млади обожаватели сериозно да го сватат растојанието меѓу себе, кога сме среде пандемија на ширење на Ковид-19. Гранде, на “Инстаграм” ја следат 177 милиони фанови, на оние кои одбиваат самоизолација, им порача, дека се што имаат планирано може да почека, па и нивните часови по јога и хип хоп. Им порача и да не затвораат очи, и дека е себично ако оваа состојба во која се наогаме ја сваќаат несериозно.
Свифт на своите следбеници (128 милиони) им порачала дека е загрижена што корона вирусот го сваќаат несериозно.
– Гледам, многу собрања, дружења и забави и понатаму се одржуваат, напишала таа.
„ Ова е време за откажување планови, изолирајте се колку можете повеќ и потрудете се да не заразите некој постар“, ги советувала таа.
Масовни апели ширум светот лугето, особено постарите седат дома се приклучи и Арнолд Шварценегер.
– Останете дома. Слушајте експерти, игнорирајте ги мороните. Ќе поминеме низ ова заедно, напишал „Терминаторот“ а пренесува новости.рс.
Бремената актерка Софи Тарнер и нјзиниот соруг, музичарот Џо Џонас, покажале дека здравјто и безбедноста им се нна прво место, биле на еднодневен излет, а и двајцата имале маски и ракавици додека се возеле низ град.
Фото: mtv.com