Марин Докузовски во самоизолација во Дренок: Дебар, Струга и Скопје се ризични за патување – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 11:15 AM

Марин Докузовски во самоизолација во Дренок: Дебар, Струга и Скопје се ризични за патување

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација и сегашен шеф на стручниот штаб на „Работнички“, Марин Докузовски е во карантин. Тој во моментов се наога во неговата викенд куќа во селото Дренок, кое е сместено на патот од  Дебар кон Струга, и како што вели, ќе остане тука се додека не завршат мерките.

-Бидејки имавме пауза, пред повеке од 10 дена заедно со семејството дојдовме во нашата куќа во Дренок, и како се прогласи карантинот, ние самоиницијативно останавме овде. Кај нас во село нема никаков проблем во моментов, нема повратници од Италија, никој нема симптоми, но за секој случај јас и моето семејство и другите луге од селото  се согласивме да ги почитуваме мерките за самоизолација. Во овој момент е ризично да се патува во Дебар, но и во Струга, бидејки поголем дел од населението во Струга и околината се на печалба во Италија и сега доагаат. Имаме доволно храна и ние и останатите од селото иако сме околу десетина, некои во викенд куќи, некои постојани жители. Слушаме вести и препораки и си седиме тука. Во овој случај не е паметно да се патува ниту во Скопје, а за Дебар и Струга да не зборувам. Но, сепак, пак, ке кажам за да не бидам погрешно разбран, кај нас во село нема никаков проблем, на 30тина километри сме одалечени од Дебар, но за секој случај, за доброто на сите нас, остануваме тука,ги следиме препораките на Владата и на полицијата која постојано патролира во овој регион,  вели Докузовски.  (В.М.)

Фото: Аугустас Диџгалвис