Фон дер Лејен се надева на вакцина против корона наесен – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 7:30 AM

Фон дер Лејен се надева на вакцина против корона наесен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен изјави дека вакцината против коронавирус би можела да биде во продажба до есен.

Европската комисија и платила 80 милиони евра на германската компанија„Cure Vac“ за да помогне во развојот на вакцината што е можно поскоро, што според Фон дер Лејен би можело да спаси илјадници животи низ целиот свет.

Таа е една од трите компании во светот што работат на откривање на вакцина против короната. Ова го прави уште една германска компанија, „BioN Tech“ и американската компанија „Moderna“.