Банско под целосна блокада и карантин – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 7:23 AM

Банско под целосна блокада и карантин

Туристичкиот центар Банско е под карантин и блокада, јавува „Бгнес“. Таква е  одлуката на Оперативниот штаб за борба со новиот коронавирус.

На вонредниот брифинг во бугарскиот Совет на министри, генерал-мајор Венцислав Мутафчиски објави дека вкупниот број на заразени  достигнал 81 лице. Три од нив се од градот Банско, кои се поврзани со туристичката дејност.

Од вчера попладне воведени се следниве мерки: На сите лица кои живеат на територијата на градот им е забрането влегување и излегување од градот Банско. Лицата со постојана или тековна адреса во градот Банско кои се надвор од градот, можат да се вратат во своите домови до 20 часот на 18 март.

Во моментов во хотелите има околу 200 странски туристи. Мерките се воведуваат за рок од две недели.