Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи во Дебриште – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 4:46 PM

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи во Дебриште

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус Ковид-19. Имено тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во село Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, согласно Законот за кривична постапка, му предложил на Судот на обинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби.​

МИА