Додека секаде во фокусот е коронавирусот, тивко „си работи“ и сезонскиот грип. Од почетокот на сезоната во Федерацијата Босна и Херцеговина од сезонски грип починале 17 луѓе.
Од Заводот за јавно здравство на ФБХ велат дека смртните случаи се разултат на инфлуенцата АХ1Н1, а бројот на заболени од сезонски грип од недела во недела се зголемува, пишува „Аваз“. Во Тузланскиот кантон досега починале седум лица, шест во Кантонот Сараево, три во Зеничко-добојкскиот кантон, а еден во Херцеговско-неретванскиот кантон.


