Само по еден човек на ресторанска маса – нова кинеска мерка против Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 11:24 AM

Само по еден човек на ресторанска маса – нова кинеска мерка против Ковид-19

Кинезите полека се враќаат на редовните секојдневни активности, откако коронавирусот во таа земја почна да стивнува, а во Вухан, епицентарот на вирусот, во изминатите 24 часа имало само еден новозаразен.

Нормалниот животот се враќа, но иновативните и приспособливи Кинези воведуваат и нови правила заради подобра заштита. Така, рестораните низ големата земја воведоа политика „еден човек на една маса“ за да спречат ширење на короната откако луѓето почнаа да ги напуштаат своите домови. На ресторанските маси стојат и напишани листови – „едно лице на маса“.

„Не изгледа многу симпатично таа порака, но подобро е така заради безбедноста“, вели соственик на ресторан.

Таа практика ја воведуваат и некои универзитети, а други, заради превентива, храна на студентите ќе им служат на отворено. На фотографијата снимена е ресторанот на Технолошкиот умиверзитет Хенан, кој студентите ќе ги дочека со 300 трпезариски маси за 1.200 студенти на отворено.