Од болнички магацин за медицинска опрема во германскиот град Келн вчера биле украдени 50.000 заштитни аски. Како што соопштува полицијата, тоа прв го забележал еден од вработените кога утрото дошол на работа.
„Ова е еден сосема нов вид кражби. Досега обино се крадеа предмети што се скапи, а сега, очигледно, и за заштитните маски има добар пазар“, изјавила портпаролката на градските болници во Келн.