Време: Денеска сончево, сонце и до сабота, в недела повремен дожд – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 6:57 AM

Време: Денеска сончево, сонце и до сабота, в недела повремен дожд

Променливо сончево и потопло време со слаб до умерен ветер од северозападен правец и максимална тепеатура од 17 степени е временската прогноза на УХМР за денеска.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. В недела се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди и повремен дожд.