Онлајн-наставата поради состојбата со коронавирусот во Хрватска е оневозможена уште од првиот ден од нејзината примена поради хакерски напад.
Нападот бил веднаш пријавен во хрватското МВР, а стручњаците преземаат мерки за во најкус рок да ги отстранат проблемите, пренесуваат хрватски медиуми.
Инаку, онлајн-наставата се одвива во соработка со ресорното министерство и јавниот сервис ХРТ.