По дождот – сонце и повисоки температури, пролетта ќе ја дочекаме со над 20 степени – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 6:56 AM

По дождот – сонце и повисоки температури, пролетта ќе ја дочекаме со над 20 степени

По врнежливиот викенд, времето денеска, според прогнозата на УХМР, претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне претежно сончево, со максимална температура до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постудени утра, но со пораст на дневната температура. В среда и в четврток ќе дува умерен северен ветер, а од петок се очекуваат максимални температури повисоки од 20 степени, со кои ќе ја дочекаме пролетта и ќе ја испратиме годинава многу благата зима.