Како до правилна домашна самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/20 9:48 AM

Како до правилна домашна самоизолација

Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.

Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.

Користете посебен тоалет/бања.

Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење…

Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, замолете го доставувачот да ги остави продуктите пред вашиот дом.

Обидете се да се држите подалеку од вашите домашни миленици. Доколку ова е невозможно, мијте ги рацете пред и по контакт.

Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.

Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.

Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.


Министерство за здравство