Спас од вируси: Алкохол да, но не да го пиете- 20 секунди миење раце со сапун, помага и најевтиниот – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 10:55 PM

Спас од вируси: Алкохол да, но не да го пиете- 20 секунди миење раце со сапун, помага и најевтиниот

Бројот на заразените од Корона вирусот се повеќе расте  и сите се прашуваат која е најефикасната заштита. За решавање на овој проблем  потребно е само сапун  и тоа обичен, евтини, ефикасен сапун.  Респираторните вируси, како коронавирус, грип или обична настинка, може да се пренесат преку неизмиено раце. Ако некој е болен, на неговите раце можат да се задржат и залепат  трагови од вирус, а  ако е здрав, неговите раце се вистинска леплива лента  за вируси.  Ако случајно дојдеме во допир со нив, вирусите ќе се “залепат”  за нашите раце и ќе влезат во нашето тело кога ке го допреме лицето, устата, носот, очите…  Токму заради ова нашите раце се на прва борбена линија против коронавирусот.

Американскиот Центар за контрола и превенција на  заразата (ЦДЦ) препорачува миење на рацете со сапун и вода како најдобар начин да се исчистат рацете. Но, доколку немате сапун и вода во моментот, тогаш е најдобо да користите дезинфекциско средство за раце со најмалку 60 одсто алкохол. ЦДЦ, го препоачуваат сапунот како  приоритет, но според медиумите лугето купуваат дезинфекциски средства и притоа не внимавајки какви. Постојат и скапи и ефтини, но квалитетот не зависи од цената.  Туку ако имаат над 60 одсто алкохола може да бидат ефикасни во  борбата против  Ковид-19, но треба да ги користите само кога немате сапун. А сапунот е многу полесно да се купи. Освен тоа вие кога ќе ги измиете рацете со сапун не смо што ќе ги испатите вирусите во канализација, туку  ќе ги уништите и ќе ги направите безопасни.

Како сапун ги уништува вирусите?

Сапунот ги  “решава” вирусите како што го  решава и проблемот со  маснотијата во вода. „ Тој е како калауз, на сила ги отвора работите“ вели  Пали Тордарсон,  професор по хемија на Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Најважна работа во целата приказна, за да се уништат вирусите,  потребно  е најмалку 20 секунди контакт на сапунот и вирусите и затоа рацете додека се мијат, мора да ги трлате толку време со сабун. ЗОшто?   Нашата  кожа е полна со набори  и на сапунот му треба  време да продре во сите ситни набори и да ги уништи вирусите. А на сапунот му е потребно неколку секунди да си ја заврши својата хемиска работа.

ЦДЦ препорачува дезинфекциско средство кое има 60 одсто алкохол.  Внимавајки со влажните маамчиња кои не го исполнуваат овој стандард или кои воопшто немаат алкохол.  Ова не може да ви помогне ако рацете ви се испотени.  Потта може да ја смали неговата ефикасност. Освен тоа ова средство не ги чисти доволно добро рацете  од лепливите маснотии во кои навлегуваат вирусите.

– Сапунот нема да ве изневери. Не е важен составот на сапунот. Не ви е потребен “антибактериски сапун” , за кого некои стручњаци велат дека е бескорисен. Не ви е потребен ниту детергент, доволен е обичен сапун. Се додека на ова му посветувате доволно време, вие сте безбедни – вели Тордарсон.

Фото: блиц.рс